Омнибус

Австриец една година ја криел мртвата мајка поради пензијата

Жител на Австрија повеќе од една година го чувал „мумифицираното“ тело на мајка му во својот дом, за да ѝ ја зема пензијата, наведуваат полициските извештаи.



Се верува дека 89-годишната жена, која страдала од деменција, починала уште во јуни минатата година. Нејзиниот 66-годишен син го сместил нејзиното тело во подрумот од нивниот дом, користејќи мраз и завои, но и песок за да го прикрие мирисот.

Полицијата проценува дека на тој начин човекот нелегално добил околу 50.000 евра.

Измамата излезе на виделина дури откако поштенскиот работник кој ја испорачувал пензијата, бил избркан од домот откако побарал да ја види жената. Тоа предизвика истрага, по што осомничениот ја признал вината.

Извор:  МИА
Објавена на 10.09.2021 10:15:29