ФИФА не исклучува светски првенства на секои две години

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино од Доха, престолнината на земјата домаќин на Мундијалот 2022 во Катар, ја повтори идејата за одржување светски првенства на секои две години.

– Го проучуваме календарот и се советуваме со сите страни. Секако, во сето тоа пред сè сакаме да го слушнеме гласот на самите протагонисти, односно играчите и тренерите. Ништо во старт не би сакал да го отфрлам како идеја, изјави Инфантино.

Ова не е првпат Инфантино да навестува евентуално одржување во иднина Мундијал на секои две години, идеја на која веќе многумина отворено се спротивставија, вклучувајќи членови на Европската фудбалска организација и Меѓународниот олимписки комитет.

Извор:  МИА
Објавена на 09.09.2021 09:58:46