Ботас потпиша повеќегодишен договор со Алфа Ромео

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас следната сезона ќе вози за Алфа Ромео, информира прес -службата на Формула 1. Тој потпиша повеќегодишен договор со тимот.



Финскиот возач во Алфа Ромео ќе го замени својот сонародник, поранешниот светски шампион Кими Раиконен, кој најави пензија на крајот од оваа сезона.

Испразнетото место на Ботас во Мерцедес, многу веројатно ќе го пополни Џорџ Расел.

Во Генералниот пласман на светскиот шампионат во Формула 1, Ботас во моментов се наоѓа на 3. место со освоени 123 бодови.

Извор:  МИА
Објавена на 06.09.2021 16:33:51