Бред Пит ново лице на компанијата „De’ Longhi“

Оскаровецот Бред Пит тргна по стапките на својот пријател, Џорџ Клуни, потпишувајќи договор со италијанскиот производител на кафе и апарати за домаќинство, ,,De’ Longhi“. Оттаму го најмија Пит како нов претставник, „амбасадор“ на брендот, се вели во соопштението на компанијата.



– Нашата група доживеа извонреден деловен бум во последниве години, и во таа експанзија, сегментот на еспресо машини за домаќинства ја презеде средишната улога, рече извршниот директор на компанијата, Масимо Гараваља.

Акциите на „De’Longhi” пораснаа за 1,9 отсто на берзата во Милано кусо по објавувањето и сега изнесуваат 39,48 евра. Италијанската компанија објави дека почнале со меѓународна кампања за својот бренд за кафе, со видеоспот во режија на филмскиот режисер на „Ла-Ла Ленд“, Демијен Шазел и со Пит во главна улога.

Кинематографот Лајнус Сандгрен е задолжен за уметничкиот изглед на кампањата. Музиката ја напиша Џастин Хурвиц, познат по долгогодишната соработка со Шазел.

Извор:  МИА
Објавена на 03.09.2021 13:14:48