Бритни Спирс тврди дека татко ѝ се обидува да изнуди два милиони долари од неа

Бритни Спирс тврди дека нејзиниот татко, Џејмс Спирс се обидува да добие два милиони долари од неа, пред да се повлече од посебниот надзор. Според „Мирор“, пејачката го потврдила ова во новите правни документи.



Имено, Бритни посочува дека нејзиниот татко претходно признал дека за него би било најдобро да се повлече како нејзин старател и дека „тој само сакал пари од неа“. Наводно, на Џејмс му требаат пари да ги плати своите адвокати и поранешни деловни соработници.

Сепак, адвокатот Метју Розенгарт не сака да попушти пред барањата на Џејмс.

– Таткото Бритни Спирс не може да изнуди ништо. Тој нема право да поставува услови за отстранување од старателската позиција. Требаше веќе да поднесе оставка. Тоа би било учтиво и правилно… Ќе побараме суспензија доколку Џејми не поднесе оставка од позицијата старател до крајот на септември, кога е закажано судењето во Лос Анџелес, изјави Розенгарт.

Инаку, Џејми Спирс неодамна се согласи да се повлече како надгледувач на Бритни Спирс. Потоа изјавуваше дека пејачката е „спасена од катастрофа“ со неговото старателство и дека јавноста всушност ќе го пофали, а не да го оцрнува, доколку знае за нејзината зависност и психички здравствени проблеми

Извор:  МИА
Објавена на 01.09.2021 10:59:05