Омнибус

Царината на Сaрдинија заплени незаконски собран песок, школки и камења

Царината на Сардинија соопшти дека запленила неколку килограми незаконски собран песок, школки и камења, од туристи кои се обидувале да понесат спомени од нивниот одмор на италијанскиот остров.



Сардинија е надалеку позната по своите плажи, но мора да се бори со влијанието на туризмот врз животната средина, бидејќи посетителите ги игнорираат повиците да ја остават областа недопрена и намерно носат дома песок и школки како сувенири. Вкупно 4,1 килограм песок од повеќе плажи бил одземен вчера од страна на царинските службеници на аеродромот „Алгеро“.

-Секоја година, плажите на Сардинија претрпуваат непоправлива штета од луѓе кои носат песок, камења и школки дома, без никаква почит. Ова е не само погрешно, туку и незаконско“, соопштија властите.

Извор:  МИА
Објавена на 30.08.2021 13:15:30