Омнибус

Татко ја натерал ќерката да ја избричи главата бидејќи се потсмевала на девојче болно од рак

Татко на тинејџерка, на Редит откри дека ја натерал својата ќерка да си ја избричи главата. Поранешната сопруга била многу вознемирена поради неговата родителска постапка, но тој тврди дека имал добра причина за таква казна.



Девојката ѝ се потсмевала на соученичка болна од рак.

-Мојата поранешна сопруга и јас имаме 16-годишна ќерка. Имам старателство над неа бидејќи мојата сопруга се пресели кај нејзиното ново семејство. Го спомнувам ова зашто не се консултирав со мојата сопруга пред мојава постапка и таа сега ме осудува. Мојата ќерка неодамна ѝ се потсмеваше на соученичка која ја загубила косата поради лекување од рак. Таа дури ѝ ја симнала периката. Наводно, тоа било продолжение на претходна расправија меѓу двете – што не е изговор за однесувањето на ќерка ми. Јас не ја воспитував ќерка ми да се однесува така кон луѓето. Бев згрозен од нејзиниот став, објаснува таткото.

За да бидат работите уште полоши, ќерка му не се покајала за однесувањето.

-Смета дека девојката (со ракот) го заслужува тоа… Така, ѝ дадов на мојата ќерка две можности за казна – одземање на цела електроника, вклучително и мобилниот телефон, што таа никогаш нема да го направи, а јас никогаш нема да ѝ купам друг, или – да одиме на фризер и да си ја избричи главата“, заклучува таткото.

Некои следачи само се надеваат дека девојчето ќе сфати дека омразата и инаетот не решаваат ништо.

Извор:  МИА
Објавена на 30.08.2021 12:51:56