Чашка црвено вино го ублажува пост-ковид синдромот

Умереното пиење вино помага да се ублажи пост-ковид синдромот, изјави Александар Мјасников – доктор и ТВ-водител од Русија.



– Откако некое лице ќе прележи коронавирус, чаша црвено вино е корисно бидејќи тоа содржи ресвератрол – моќен антиоксиданс. Овој тип терапија, сепак, е несоодветен за луѓе кои не пијат алкохол, нагласи стручњакот.

За оние другите, Мјасников појасни дека е дури и полезно да се консумира алкохол, една недела откако ќе помине акутната фаза на болеста. Лекарот, покрај тоа, предупреди да не се злоупотребува алкохолот, нагласувајќи дека тој е сосем забранет во критичниот период на секоја заразна болест, која се одликува со треска и при којашто вирусот се размножува во телото.

Извор:  МИА
Објавена на 30.08.2021 12:37:46