Голата Бритни открива: Сакам да се видам себе си во најчиста форма!

Бритни Спирс во последно време се повеќе постира провокативни фотографии на нејзиниот Instagram профил, што ги натера нејзините обожаватели да се посомневаат во тоа дали фотките ги објавува таа или пак некој друг.


View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Пејачката ги увери сите оние кои се загрижени за неа, дека голотијата која што ја покажува во последно време е само нејзин начин на ослободување.

-Сакав себе си да се видам на полесен начин...гола...на начинот на кој што сум се родила. И кога ќе ги погледнам фотографиите кои што сум ги направила луда е психологијата да се гледам себе си во најчиста форма, а воедно е и доказ дека болката...повредите...солзите...и тешкиот товар во суштина не сум јас. Јас сум жена...прекрасна...чувствителна жена која треба да се види себе си во најчистата форма. Нема да постирам топлес фотографии цело живот затоа што тоа ќе стане здодевно, но во секој случај проклето помага во моменти кога имам потреба од ослободување, напиша Бритни.



Таа го поздрави и Free Britney движењето велејќи дека истото е навистина значајно, дури и повеќе од што нејзините обожаватели можат да претпостават и им се заблагодари што секогаш се толку неверојатни.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.08.2021 14:18:10