Џејми Спирс се согласи да се повлече од посебниот надзор врз Бритни

Таткото на Бритни Спирс, Џејмс се согласи да се повлече од спорното старателство, соопшти вчера Метју Розенгарт, адвокат на поп-ѕвездата.



– Задоволни сме што г-н Спирс и неговиот адвокат признаа во поднесокот денеска дека мора да бидат отстранети, изјави адвокатот.

Посебниот надзор беше одреден откако Џејми Спирс од судот во Лос Анџелес, Калифрнија, САД, побара овластување да ги следи финансиите и животот на неговата ќерка во 2008 година, поради „загриженост за нејзиното ментално здравје“. Следното судско рочиште е закажано за крајот на септември во Лос Анџелес.

Бритни Спирс, која е на прагот од петтото десетлетие од животот, смета дека надзорот е злоупотреба и дека таа „сака да ѝ се врати животот“.

Извор:  МИА
Објавена на 13.08.2021 13:45:30