Омнибус

Незаборавно јавање коњи на Галичник: Еден малку поинаков летен одмор!

Ви треба нешто различно, интересно....Mесто, со прекрасна глетка, мир и изобилие на преубава природа.... А такви места во Македонија има во изобилие, каде можеш да се поврзеш со природата и традицијата. Предлози има многу, а како предлог место би го препорачале Маврово и Реканскиот крај, кој е посебна приказна. Галичник, Лазарополе, Ростуше каде и да отидете во овој реон загарантирано ќе ги наполните батериите и ќе се одморите.

Ако се решите за Галичник, со Шерпа можете да доживеете едно сосема поинакво искуство, а тоа е јавање коњи по падините на Бистра. Покрај незаборавното јавање на коњи тука може да ги научите тајните на создавање на највкусното галичко сирење, да уживате во локални специјалитети и да кампувате каде што ни птиците не се осмелуваат.

Погледни го видеото и дознај повеќе за турата.

Здружение Коњанички клуб „Бистра“, Галичник from LRCP on Vimeo.


Сето ова сега е организирано и овозможено благодарение на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), кој е финансиран од страна на Европската Унија и од Владата на Република Северна Македонија. Проектот го администрира Светска Банка, а истиот се спроведува од Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Целта на овој проект е да го зголеми учеството на туризмот во локалниот економски развој преку подобрување на инфраструктурата, унапредување на капацитетите за сместување и угостителство, збогатување на туристичката понуда и зголемување на конкурентноста на туристичкиот сектор. Дознајте повеќе на: https://lrcp.mk/

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.08.2021 14:31:50