Мадона обвинета за копирање на Ким Кардашијан

Американската пејачка Мадона ги налути своите следбеници објавувајќи фотографија на Инстаграм, која речиси очигледно е „фотошопирана“. Тоа беше повод за непристојни споредби со старлетата Ким Кардашијан.



-Мадона Кардашијан?“, „Престани да ја имитираш Ким. Дали заборави дека си Мадона?”, „Не треба да ги обработувате вашите слики со ’Фотошоп‘, тоа е смешно!” „Што се случи со вистинската Мадна?“ – беа дел од коментарите.

Во „скандалозното“ селфи, пејачката гледа во камерата, облечена во розова проѕирнa маица преку која се гледа нејзината долна облека. А горе, како „да нема образи“ – буквално триаголно лице, но важно, со изразени, бујни усни.

Следачите и обожавателите веднаш се поделија на „за“ и „против“ селфито, но на повеќето не им се допадна изменетиот изглед на русокосата поп-ѕвезда. Ја обвинија дека претерала со пластичните хируршки зафати или дека ја обработувала сликата со „Фотошоп“.

Извор:  МИА
Објавена на 09.08.2021 13:10:57