Најскапата порција помфрит во светот чини 200 долари

Ресторанот „Серендипити 3“ во Њујорк го собори Гинисовиот рекорд за најскапи пржени компирчиња во светот кои чинат 200 долари.



Главната состојка на овој специјалитет, се компири зачинети со масло од тартуфи, послужени со сос од сирење и тартуфи. Пред приготвувањето, се бланшираат во шампањски оцет и се пржат во чиста маст. На крајот, се украсени и со златна прашина што се јаде.

Ова е десетто јадење на ресторанот со кое го соборија Гинисовиот рекорд. Тие претходно веќе ја направија најголемата свадбена торта, најскапиот сладолед, најголемата шоља какао, најскапата плескавица… Листата на чекање за пробување на најскапите компирчиња, е долга – луѓето чекаат 8 – 10 недели за својата резервација.

Извор:  МИА
Објавена на 30.07.2021 14:50:12