Футурама

„Google“ ќе ги забрани апликациите за купување сексуални услуги на интернет

„Google“ ќе ги забрани апликациите „за компензирани сексуални односи (т.е. sugar dating)“, кои служат за продавање и купување сексуални услуги на интернет.



Се работи за платформите „Sugar Daddy“, „Elite Millionaire singles”, „SeekingArrangement“, „Spoil“. Интернет-концептот е таков што, поимотни мажи (најчесто и повозрасни), бараат помлади девојки и жени заради секс за пари.

Отстранувањето е дел од новата политика на „Google“ за ограничување на сексуалните содржини. Забраната стапува во сила на 1 септември оваа 2021 година.

Извор:  МИА
Објавена на 30.07.2021 14:37:43