Киево прогласи банкрот и е исклучен од Серија Б

Киево е исклучен од Серија Б поради банкрот, објави Фудбал Италија. Неговото место во втората италијанска дивизија ќе го заземе Козенца.



„Летечките магариња“ поднеле жалба против пресудата, но таа била одбиена. Поради банкрот, клубот може да продолжи да настапува не повисоко од Серија Д.

Од истата причина од Серија Ц беа исклучени: Карпи, Новара, Самбендетезе и Казертана. Во исто време, Паганезе ја добија жалбата и успеаја да го сочува своето место во третата италијанска лига.

Минатата сезона Киево заврши осми во Серија Б и играше во плејофот за Серија А. Највисок резултат на тимот е петтото место во Серија А во 2001/02, по што клубот од Верона играше во квалификациите за Лигата на шампионите и Купот на УЕФА.

Извор:  МИА
Објавена на 27.07.2021 11:06:57