ФОТО: Џеј Ло и Бен Афлек приредија жешко шоу за папараците

Џенифер Лопез и Бен Афлек приредија вистинско шоу за папараците за време на нивниот престој во Сент Тропе. Познатата двојка деновиве ужива во Франција, каде Џенифер воедно го прослави својот 52 роденден.

Вљубените птички се релаксираа на јахта вредна 130 милиони долари, а кога забележаа дека папараците го фотографираат нивното интимно дружење решија да ја подгреат атмосферата.

Оние кои се сеќаваат на спотот за песната ,,Jenny from the block’’ веднаш ќе забележат дека Џен и Бен позираа на ист начин како што се снимени во една од сцените на видеото.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 26.07.2021 08:13:33