Тејлор Свифт најплатена музичарка за 2020 година

Американската поп-пејачка Тејлор Свифт се најде на врвот на Билборд топ-листата најплатени уметници за 2020 година, со над 23 милиони долари приходи.



По бурната година на откажани концерти и какви било настапи во живо, поради корона-пандемијата, музичката ѕвезда се врати на списокот американски „музички парајлии“, со вкупно 23,8 милиони долари. Тоа, сепак, е помалку за 99,6 милиони, кога последен пат беше на врвот на оваа листа, 2018 година.

Ова е првпат во историјата на музиката, турнеите на најуспешните уметници да не придонесат за тоа кој е на врвот на топ листите. За своето прво место, Билборд проценува дека Тејлор заработила 10,6 милиони долари од стрим-услуги, 10 милиони од продажба на постари дела и 3,2 милиони од издавање нова музика.

Извор:  МИА
Објавена на 23.07.2021 13:10:57