Тото Волф: Хамилтон е последната личност која треба да се обвини за валкани игри

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф застана во одбрана на Луис Хамилтон, по низата обвинувања искажани кон него по судирот со Макс Верстапен на трката за ГН на Велика Британија.



– Секој може да има свое мислење, тоа е нормално. Мислењето на секоја личност во врска со ваков инцидент ќе биде малку пристрасно. Сепак, слушајќи што зборуваат луѓето за аеробатиката на Луис и самиот инцидент, ќе кажам дека тој е последната личност која треба да се обвини за играње валкано. Луис е вистински спортист. Не видовме некои поголеми инциденти со неговото учество, изјави Волф.

Во неделата, во првиот круг на трката во Силверстоун, Хамилтон во една кривина го поткачи Верстапен кој изгуби контрола и удри во заштитната бариера кршејќи го болидот целосно. Подоцна, Британецот беше казнет 10 секунди, но тоа не му беше пречка на крајот прв да ја мине целта и да стигне до 99. победа во кариерата.

Извор:  МИА
Објавена на 21.07.2021 12:41:34