Ештон Кучер го продал билетот за Вселената поради Мила Кунис

Актерот Ештон Кучер откри дека пред 10-на години си резервирал билет за патување во Вселената, со британската приватна агенција „Вирџин галактик“ на Ричард Бренсон. Но, се откажал од таа замисла откако се оженил со Мила Кунис, па го продал билетот.



– Кога се оженив и се родија децата, сопругата во основа ме охрабруваше дека не е паметна семејна одлука, да се упатиме кон Вселената кога имаме мали деца. Така, јас им го продадов билетот на „Вирџин Галактик“ назад. А, требаше да бидам на следниот лет, но… Нема да бидам на следниот лет, изјави Качер за „Чедар њуз“

Сепак, вели, некогаш во иднината – ќе отиде во Вселената.

Наводно, тој за својот билет во 2012-та платил 200.000 американски долари.

Извор:  МИА
Објавена на 16.07.2021 12:39:56