Мел Гибсон со војнички поздрав за Трамп

Холивудскиот актер Мел Гибсон е забележан како му упатува војнички поздрав на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.



Тие беа само дел од познатите личности на УФЦ-264 натпреварот во боречки вештини меѓу Дастин Поаје и Конор Мекгрегор. На мечот се забележани и поп-пејачот Џастин Бибер, актерката Меган Фокс и комичарот Дејв Чапел.

Пристигнувањето на Трамп во арената беше пречекано со навивања и крици на негодувања, додека минуваше низ толпата.

Извор:  МИА
Објавена на 13.07.2021 14:07:59