Футурама

„Blue Origin“ доби лиценца за пробен лет во Вселената

Американската компанија „Blue Origin“ на милијардерот Џеф Безос, доби дозвола од Федералната управа за авијација на САД, за пробен лет со луѓе во Вселената.



Основачот на „Амазон“, Безос има намера да полета во Земјината Орбита на 20 јули со леталото „New Shepard“. Лиценцата на Безос му важи до август.

Летот на „Blue Origin“ би требало да се случи 10-на дена по успешниот пробен лет викендов на неговиот британски соперник Ричард Бренсон и компанијата „Virgin Galactic“.

Во оваа „трка“ за комерцијални приватни летови во орбитата е уште и „Space X“ на Илон Маск. Се очекува нивниот пробен лет да се случи во септември.

Извор:  МИА
Објавена на 13.07.2021 13:51:24