Бред Пит и Анџелина Џоли повторно на суд

Бред Пит и Анџелина Џоли повторно ќе се сретнат на суд. Ако првично причината беше старателството над децата, овој пат тоа е виното.



Имено, Анџелина одлучи да ги прекине сите односи со поранешниот сопруг, па сега го продава и својот удел во винаријата што заедно ја поседуваат.

Актерката веќе побарала судска дозвола да го обезбеди својот дел од продажбата и поднесе тужба во Лос Анџелес за укинување на привремената забрана за пристап до нивниот имот, што автоматски следеше по поднесувањето на разводот во 2016 година.

Извор:  МИА
Објавена на 12.07.2021 11:24:49