Џеј Ло со жешко видео за ,,Cambia El Paso"

Латино дивата, Џенифер Лопез (51) не се шегува кога вели дека го живее најдоброто време во нејзиниот живот. Мега популарната пејачка, која преку ноќ ја прекина врската со Алекс Родригез и му се врати на Бен Афлек, сега повторно ја подига атмосферата со жешкото видео за летниот хит ,,Cambia El Paso".



-Пресреќна сум. Знам дека луѓето секогаш се прашуваат. Како си? Што се случува? Дали си во ред? Ова е тоа. Никогаш не сум била подобро. И сакам луѓето кои што се грижат за мене, како што јас се грижам за нив, да знаат дека стигнав на место во мојот живот кога одлично се чувстувам со себе. И мислам дека кога еднаш ќе стигнеш до тоа место, започнуваат да ти се случуваат неверојатни нешта кои никогаш не си ни претпоставил дека може да ти се случат. Сакам сите да знаат дека ова е најдоброто време во мојот живот, истакна Лопез во интервјуто за Apple Music.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.07.2021 16:06:30