„Опел“ го враќа името „Манта“ во користење

„Опел“ го оживува името „Манта“ кое ќе го користи за нивниот нов електричен автомобил којшто треба да се најде во продажба во средината на ова десетлетие.



Електричниот модел „Манта“ ќе биде дел од преобразбата на „Опел“ во бренд што произведува исклучиво електромобили. Шефот на „Опел“, Мајкл Лохшелер, го потврди враќањето на името на купето „Манта“ во оптек.

Првата генерација на „Манта А“ се појави 1970 година и стана ривал на моделот „Капри“ на „Форд“, а се базираше на седанот „Аскона“. Подоцна „Мантата“ беше заменета со „Калибра“.

Извор:  МИА
Објавена на 09.07.2021 15:12:54