Скарлет Jохансон го очекува своето второ дете

Скарлет Jохансон е бремена и го очекува своето второ дете, инаку прво со сегашниот сопруг Колин Џост, кој е три години повозрасен од неа.



Актерката поради бременоста пореткo се појавуваше на промотивните настани за филмот „Црна вдовица“, којшто деновиве почнува да се прикажува во светските кина. Според западните медиуми бременоста е во поодмината фаза.

Скарлет Јохансон веќе ја има шестгодишната Роуз, која ја доби со поранешниот сопруг Ромен Дауријак.

Таа се омажи за 39-годишниот Колин Џост – една од ѕвездите на шоуто ,,Saturday Night Live” во октомври минатата година.

Извор:  МИА
Објавена на 07.07.2021 12:08:17