Кејт Мидлтон е во Kовид - самоизолација

Сопругата на британскиот принц Вилијам – војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон е во самоизолација поради контакт со лице заразено со коронавирус, објавија светските новински агенции. Таа ги откажала сите планирани обврски.



-Минатата недела војвотката од Кембриџ разговараше со човек кој подоцна беше утврденo дека e Ковид-19 позитивен, соопшти палатата Кенсингтон.

Кејт Мидлтон сè уште не покажала никакви симптоми на коронавирусот, но ги следи правилата на здравствените власти. Така, таа мора да остане во изолација 10 дена.

Војвотката од Кембриџ минатата недела учествуваше на неколку настани, а во петокот присуствуваше и на тенискиот турнир Вимблдон. Заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам, Кејт требаше да присуствува на свеченоста по повод 73-годишнината од отворањето на Британската национална здравствена служба.

Принцот Вилијам не е во изолација. Тој ја надмина Ковид-19 болеста во април.

Извор:  МИА
Објавена на 05.07.2021 13:55:26