Зошто е добро секој ден да јадете барем една лажичка мед?

Во старите времиња, медот се сметал за храна на боговите. Поради своите лековити својства, се користел за спречување разни болести, додека Египќаните го користеле и во козметиката.



Поради своите антибактериски својства, како и фактот дека е полн со антиоксиданси – медот е идеален за зајакнување на имунитетот. Покрај тоа, антиоксидансите во медот се поврзани и со намалена опасност од срцеви заболувања. Ново истражување покажа дека редовната употреба на мед го ограничува зголемувањето на шеќер во крвта и го намалува нивото на холестерол и триглицериди. А, холестеролот во телото може да влијае на мозокот и нервниот систем, поради што е важно редовно да се консумира мед, препорачуваат стручњаците.

Медот може да се комбинира со топло млеко или чај од камилица, што ќе предизвика ослободување на серотонин, што потоа се претвора и во мелатонин и овозможува поубаво спиење. Тоа помага против стресот и го подобрува помнењето.

Поради антиоксидансите, медот е идеален и за чистење на кожата и телото од токсини, како и за проблеми со телесната тежина – само заменете ги слатките со мед. Така, покрај намалувањето на желбата за слатко, се внесуваат и хранливи јаглени хидрати – што е корисно, на пр., при тренинг и вежбање.

Медот помага и при проблеми со стомакот.

Извор:  МИА
Објавена на 28.06.2021 12:45:58