Футурама

Македонски Телеком со награда: Предводник на целите за одржлив развој

Македонски Телеком е добитник на наградата Предводник на целите за одржлив развој за 2021 година за своите општествено одговорни практики, што по втор пат ја доделува граѓанската асоцијација Конект, во партнерство со Мрежата на Глобалниот договор на ОН во Република Северна Македонија.



Општествената одговорност е важен дел од стратегијата, a компанијата дејствува во насока на превенирање на климатските промени и ефикасно искористување на ресурсите. Преку енергетски ефикасни мрежни технологии коишто ја поддржуваат зелената агенда и користење обновливи извори на енергија за сопствени потреби, како и за обезбедување на услугите за корисниците, компанијата придонесува за намалување на емисијата на јаглерод диоксид. Дополнително, со клауд-услугите и решенијата за паметни градови, Македонски Телеком овозможува ефикасно искористување на енергијата. Првите паметни решенија базирани на одржлива технологија се веќе имплементирани во некои општини.

Македонски Телеком е, исто така, фоксуиран на премостување на дигиталниот јаз и овозможување дигитална инклузија на сите во брзорастечкото дигитално општество. Компанијата во континуитет поддржува проекти за изнаоѓање дигитални решенија за инклузија на лицата со попреченост, а преку вклученост во глобални кампањи работи и на можностите на младите да им се обезбеди поинклузивно и поотворено дигитално општество, каде е најважен нивниот креативен потенцијал.

Главниот извршен директор на Македонски Телеком Никола Љушев, на доделувањето на наградите, изјави дека компанијата останува силно посветена на својата зелена агенда и на создавањето иднина на еднакви дигитални можности за сите. „Горди сме на заедничките напори на компанијата и вработените, кои во рамките на повеќе проекти се обединуваат околу целта да ги поврземе сите и да им дадеме можност да ги користат придобивките на денeшницата “, истакна Љушев.

Целите за одржлив развој се прифатени од сите земји членки на ОН и потребно е да се исполнат до 2030 година. Тие се акцискиот план на светот за фер глобализација и подобра иднина за сите. Македонски Телеком и понатаму останува посветен на реализација на целите за одржлив развој на иницијативата Глобален одговор на ОН, чиј приврзаник и активен чинител е и групацијата Дојче Телеком.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.06.2021 13:27:45