Омнибус

Обожавател на „Џејмс Бонд“ посака да го погледне новиот филм пред да почине

Обожавател на „Џејмс Бонд“ филмовите, со само неколку недели живот, се надева дека ќе го изгледа најновото продолжение – „Нема време за умирање“ (No Time to Die), пред да почине.

Џејмс Милар, 57-годишен вљубеник на 007-приказната, е буквално опкружен со мотиви од најпознатиот филмски таен агент. Неговата ќерка Реми објави кратко видео во коешто прикажува дел од колекцијата и прашува – дали некој може да му помогне на татко ѝ да го погледне филмот, чиешто прикажување неколкупати се одложува, а следниот „прв датум“, засега, е 8 октомври годинава?

-Татко ми е доживотен обожавател на ,,Џејмс Бонд”. Но, му остануваат само неколку седмици живот, има 57 години и нема да успее да го дочека датумот на објавување на #NoTimeToDie . Ве молам, може ли некој да помогне?“, напиша таа на Твитер, покрај видеото.

Објавата досега собра над 2.700 допаѓања и преобјавувања.

„Нема време за умирање“ првично требаше да излезе во 2019 година, но повеќепати се одложуваше, прво поради проблеми со режисерот, а потоа и поради пандемијата на коронавирусот. Сега премиерата е закажана за октомври.

Извор:  МИА
Објавена на 24.06.2021 11:17:37