Нова сезона на анимираната хит серија „Рик и Морти“

Наградуваната анимирана серија „Рик и Морти“ (Rick And Morty) се враќа со петтата сезона која ќе биде ексклузивно достапна на HBO GO од 21. јуни. Истиот ден сите претходни сезони ќе бидат дел од понудата на HBO GO.

Хит комедијата на Adult Swim го следи научникот и социопат Рик Санчез. Откако е исчезнат скоро 20 години, Рик Санчез ненадејно доаѓа во домот на ќерка му Бет за да живее со неа и нејзиното семејство. Иако Бет топло го прифаќа Рик во нивниот дом, нејзиниот сопруг Џери не е толку среќен поради тоа. Џери е загрижен за Рик, научник социопат, поради тоа што тој ја користи гаражата како лична лабораторија. Таму Рик работи на голем број научно фантастични направи, од кои некои може да се сметаат за опасни. Но не е само тоа што го загрижува Џери. Рик исто така патува на авантури низ универзумот во кои често ги вклучува своите внуци Морти и Самер.

Гласовите на главните ликови ги позајмуваат актерите Џастин Ројланд, Сара Чок, Крис Парнел и Спенсер Грамер. Автори и извршни продуценти на серијата се Ден Харом и Џастин Ројланд.

Извор:  МИА
Објавена на 16.06.2021 14:46:09