Принцот Хари првата слика од ќерката ја споделил со Кејт Мидлтон

Британскиот принц Хари ја споделил првата фотографија од неговата тукушто родена ќерка, на „чет-порака“, со неговата снаа, Кетрин Мидлтон, а не со брат му, принцот Вилијам, пренесуваат западните медиуми.



Како што пишува „Yahoo Entertainment“, многумина се надеваат дека малата Лилибет Дијана, со кралската грациозност на нејзината прабаба и шармот на баба ѝ, „ќе гради нови мостови“ во кралското семејство.

Нејзиното име, инаку е спој од прекарот на кралицата Елизабета Втора и името на мајката на принцот Хари, покојната принцеза Дијана.

Извор:  МИА
Објавена на 16.06.2021 11:32:07