Омнибус

Таџ Махал повторно отворен за посетители

Властите во Индија денеска повторно го отворија познатиот храм Таџ Махал и повеќе други знаменитости за посета откако бројот на новозаразени со коронавирусот забележа пад.



Најмногу 650 туристи дневно ќе може да ја посетат најголемата туристичка атракција во Индија. Тамошните власти соопштија дека билетите се резервираат преку интернет.

На влезот, ќе се мери температурата на посетителите. Задолжително е да се носат маски и луѓето да се придржуваат до мерките на физичко растојание. Таџ Махал беше затворен во април поради наглото зголемување на бројот заразени со коронавирусот во Индија.

Градот Агра, каде што се наоѓа Таџ Махал, вчера пријави 10 новозаразени, а во април имало 500 заразени на ден.

Извор:  МИА
Објавена на 16.06.2021 10:48:22