„Bullet Train“ со Сандра Булок и Бред Пит во киносалите во 2022-та

„Брз воз“ (Bullet Train) со Сандра Булок и Бред Пит во главните улоги, го доби датумот за премиерата – 8 април 2022 година, објави вчера студиото „Сони“.



Филмот е заснован на популарната јапонска книга „Марија Битл“ од Котара Исаке, а во другите улоги се појавуваат раперот Бед Бани, Џои Кинг, Ендрју Коџи и Хирујуки Санада. Зак Олкевич го напиша сценариото, додека меѓу продуцентите се и Кели Мекормик, Дејвид Лич и Антоан Фукуа.

Приказната е околу група платени убијци со спротивставени мотиви кои се наоѓаат во воз во Токио. Тонот на проектот е опишан како спој на „Брзина“ – акциониот филм со Сандра Булок од 1994 година, оној со автобусот – со трилерот „Нон-стоп“ со Лијам Нисон од 2014-та, со слична приказна сместена во авион.

Извор:  МИА
Објавена на 15.06.2021 15:20:54