„Ферари“ влегува во модната индустрија

Познатиот италијански производител на луксузни автомобили „Ферари“ одлучи да се испроба и во модната индустрија.



Првата колекција беше претставена на модна ревија во Маранело, близу Модена, каде што и се наоѓа седиштето на фабриките на „Ферари“. Креативниот директор на новата облека за возрасни и за деца – со препознатливиот знак со коњот, е Роко Јаноне – дизајнер кој соработувал и со Џорџо Армани.

Во колекцијата доминираат црвената и портокаловата боја, а отпечатоците на материјалите се инспирирани од карактеристичните линии на автомобилите на Ферари и на написи од весници.

При создавањето на колекцијата, се истакнува, посебно внимание се посветило на употребата на материјали чиешто производство значи заштита на животната средина. Етикетите гарантираат и дека не биле искористувани работници или деца за време на производството.

Модната марка „Ферари“ сега е една од компонентите на холдингот „Екс-сор“, сопственост на семејството Ањели.

Извор:  МИА
Објавена на 15.06.2021 12:04:30