Гир: Дивоградбите покрај Охридското езеро треба да се отстранат
На дивоградбите не им е местото покрај Охридското Езеро и треба да се отстранат, напиша денеска на Твитер амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.
Евроамбасадорот смета дека уникатното природно и културно богатство во регионот – признато од УНЕСКО – мора да се зачува.
–Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во работни места и во угостителската индустрија денес и утре, пишува Гир на Tвитер.
Извор: МИА
Објавена на 10.06.2021 15:36:47