Футурама

Безос ќе патува во Вселената: Од 5 години го сонувам ова патување!

Извршниот директор на Амазон во заминување, Џеф Безос објави дека тој и неговиот брат Марк ќе летаат во Вселената со New Shepard, вселенското летало на „Blue Origin“, кое ќе тргне на пат на 20 јули.

View this post on Instagram

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)


Безос, кој го основаше Blue Origin во 2000 година, ќе лета заедно со Марк и победникот на онлајн аукција, кој ќе треба да понуди најмалку 2,8 милиони долари за своето место.

Патниците ќе поминат најмалку 10 минути лебдејќи на нулта гравитација во внатрешноста на капсулата за време на суборбиталното патување.

-Уште кога имав пет години сонував да патувам во Вселената. На 20ти јули, ќе го започнам тоа патување со мојот брат. Најголемата авантура, со мојот најдобар пријател, напиша Безос на својот Инстаграм профил.

Датумот на летот е само 15 дена откако Безос ќе поднесе оставка од функцијата извршен директор на Амазон, компанија што ја основаше во својата гаража во 1994 година.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 07.06.2021 14:23:53