Омнибус

ВИДЕО: Девојка со раце турна мечка за да си ги спаси кучиња

Една 17-годишна девојка од Калифорнија со голи раце турна мечка од оградата на дворот на нејзината куќа за да ги спаси своите кучиња.

На видеото, објавено од Би-Би-Си, се гледа како девојката притрчува во дворот, а кога ја гледа мечката со мечињата како се качила на ѕидот и ги напаѓа кучињата, ја турка преку оградата.

-Сè започна кога таа ги слушна кучињата како лаат во дворот и отиде да ги провери, пренесува Би-Би-Си, додавајќи дека мечката избегала по инцидентот.

На крајот од видеото може да се види како девојката и кучињата бегаат, а ниту таа ниту кучињата не се сериозно повредени во оваа прилика.

Извор:  МИА
Објавена на 02.06.2021 12:03:56