Комбинацијата на чорапи и сандали – нов тренд на летната сезона

Комбинацијата на чорапи и сандали е повторно во тренд, судејќи според објавите на социјалните мрежи, но и новите колекции на водечки модни брендови.



Иако оваа комбинација честопати се сметаше за невкусна, многу модни брендови решија тоа да го демантираат оваа година. Почнувајќи од модните кампањи на брендот Гучи, преку Прада, Диор до Фенди, чорапите и сандалите се хит на летната сезона 2021 година.

Откако голем број познати личности, како пејачката Ријана, манекенката Кендал Џенер и актерката СофиТарнер, меѓу другите, го прифатија овој моден тренд, чорапите се чини дека враќаат на голема врата.

Сандалите со чорапи не се нов феномен, но сепак, оваа сезона, со „одобрувањето“ што го добија на социјалните мрежи, тие добија многу повеќе поддржувачи отколку претходните години.

Извор:  МИА
Објавена на 01.06.2021 16:57:58