Омнибус

ВИДЕО: Џиновска ајкула снимена во близина на брегот на Ирска

Голема ајкула е снимена од туристи на крстарење во Атлантскиот Океан, недалеку од брегот на Ирска, а некои од нив исплашено врескале гледајќи ја како кружи околу бродот.

Музичарот Алекс Албрехт ја објави снимката на Тик-ток, па таа за неколку дена собра над 49 милиони прегледи. Поради својата големина, ајкулата на многумина им личела на легендарниот „мегалодон“ – праисториски вид ајкула што изумрел пред 23 милиони години, а единка можело да порасне и до 18 метри должина.

Сепак, има и такви кои мислат дека станува збор за џиновска ајкула, која после китот, е втор по големина вид на риба. Иако може да пораснат и до 12 метри, овие животни се хранат со планктони и не се опасни за луѓето.

Извор:  МИА
Објавена на 31.05.2021 12:55:55