Алекс Родригез е тажен и вознемирен поради врската на Џеј Ло и Бен Афлек

Кога по неколкумесечните гласини за неговото наводно неверство и сагата околу љубовното советувалиште, во средината на минатиот месец, Џенифер Лопез и Алекс Родригез раскинаа, тој наводно се надевал дека тоа е само привремено.



Сега, кога станува сѐ појасно дека Џеј Ло повторно се гледа со поранешното момче Бен Афлек, Алекс е „тажен и шокиран“, пренесува таблоидот „Ентертејнмент“ повикувајќи се на неименуван извор.

-Тој навистина мислеше дека ќе го надминат ова и повторно ќе бидат заедно. Јасно ѝ даде на знаење (на Лопез) дека е вознемирен… (Алекс) прави сѐ што е во негова моќ за да ја направи Џеј Ло среќна,раскажува неименуваниот нивни пријател.

Сепак, новите слики од Џенифер и Бен заедно, укажуваат на нешто поинакво.

Лопез беше во врска со Родригез од 2017 година, а со Афлек – од 2002 до 2004 година. Во меѓувреме, таа помина 10 години во брак со латино-пејачот Марк Ентони, а претходно беше омажена и за Оџани Ноа.

Извор:  МИА
Објавена на 18.05.2021 11:50:06