Џејден Смит отвора ресторан за бездомници

Синот на славниот актер Вил Смит, пејачот и актер Џејден Смит (22), планира да отвори ресторан во Лос Анџелес, каде што бездомниците ќе јадат бесплатно. Ресторанот ќе се вика „Те сакам“(I Love You), како што гласи и неговиот бизнис со камиони со храна – исто така, за бездомници.



– Бездомниците треба да добиваат бесплатна храна. Но, ако не сте бездомник, вие не само што треба да платите, туку и треба да платите за лицето што стои зад вас, вели Џејден за начинот на којшто работи новиот ресторан.

Неговите камиони со храна им служат на бездомниците во Лос Анџелес, а новиот ресторан треба да понуди потрајно решение за оние кои имаат потреба од помош.

На музичката сцена, момчето се појави со песната „Never Say Never“, што ја сними со Џастин Бибер, а исто така настапи на еден од најголемите фестивали во светот – „Коачела“ во Калифорнија (САД). Растејќи во семејството на позната двојка (мајка му е Џејда Пинкет-Смит), според многумина, раперот е прилично совесен и има општествено-одговорни идеи – како да се грижи за луѓето.

Извор:  МИА
Објавена на 17.05.2021 12:45:24