Омнибус

Турист остана заглавен на стаклен мост оштетен од силниот ветер

Мостовите од стакло се атракција во Кина, но еден турист за малку ќе го извлечеше подебелиот крај откако силниот ветер ги однесе панелите од стакло од кои е направен мостот.



Пешачката патека, лоцирана на планината Пијан во градот Лонгјинг, Кина, била оштетена од екстремните временски услови и силниот ветер.

Mедиумите во Кина пренесоа дека човекот бил заглавен на патеката, 100 метри во воздухот, за кратко време пред да биде спасен од пожарникарите и полицијата. Потоа бил пренесен во болница каде добил психолошко советување по немилиот инцидент.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.05.2021 09:06:03