Зошто здравиот режим на исхрана е подобар од „хит“ диетите?

Многумина започнуваат разни „хит“ диети кои се моментално модерни или превземаат други екстремни мерки за да ослабат, но за жал, иако овој начин на слабеење дава побрзи резултати, истите ретко кога траат и тежината повторно се враќа, дури и неколкукратно.



Доказите покажуваат дека оние кои тежината ја губат постепено и постојано (околу 0,5-1kg. неделно) се многу поуспешни во задржувањето на изгубената тежина, а ваквиот начин на слабеење е поврзан со постојан здрав режим на исхрана кој вклучува храна со многу хранливи состојки и редовно вежбање.

Која е линијата која го дели здравото хранење од нездравите диети?

Екстремните и нездрави диети вклучуваат лимитирање на калориите, внес на протеин и течности во небезбедни нивоа, пиење на диуретични суплементи како и такви за намалување на апетитот. Секоја диета која ви оневозможува доволен број на хранливи состојки и калории дава брзи резултати, но не и постојани.

Кои се последиците од екстремните диети?

Скоро на сите ни е познат терминот „hangry” (hungry + angry / гладен + лут), иритабилност која е често поврзана со ваквите диети. Некои од посериозните ефекти од нив вклучуваат дехидрација, вртоглавица и замор, низок крвен притисок, хипогликемија (намалување на шеќерот во крвта под нормалните граници), недостаток на витамини, па дури и губење на мускулната маса поради неадекватен внес на калории.

Поради тоа, наместо да го мачите телото за да ослабете, имајте подобар пристап во однос на тоа што внесувате во себе. Целете кон тоа да се заситите така што ќе јадете храна богата со влакна, протеин (што ќе ја зголеми ситоста и спречи губењето на мускулната маса) и џвакајте, а не ги пијте калориите.

Се препорачува и да сте конзистентни со бројот на оброци кои ги јадете секој ден, наместо одредени денови да се прејадувате, а други да гладувате со кратење на оброци.

Доколку пак имате желба за нешто нездраво, направете компромис наместо да си ја негирате желбата да го изедете тоа што го сакате. На пример, наместо ориз дента изедете десерт или испијте пиво. На тој начин само ќе ги „замените“ калориите и ќе го имате истиот резултат во поглед на максималниот број на калории кои сте ги внеле во текот на денот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.05.2021 07:45:37