Омнибус

Дива свиња „го прекрши“ полицискиот час и се прошета во центарот на Солун

Во текот на ноќта, за време на полицискиот час, дива свиња се прошета на плоштадот „Аристотел“ во центарот на Солун, според видеото објавено на Фејсбук.

„Прошетката“ на дивата свиња ја сними полицаец додека бил на служба и го објави видеото, со коментар дека е пред полициската станица, на централниот солунски плоштад.

Според медиумите од Солун, дивата свиња веројатно од шумата Сеих Су, што се наоѓа во северниот дел на градот, во потрага по храна стигнала до плоштадот „Аристотел“.

И во текот на минатиот месец, имало случаи на диви свињи да се забележат во источниот дел на градот, но ова е првпат да стигнат во строгиот центар.

Извор:  МИА
Објавена на 07.05.2021 15:03:33