HBO стриминг премиера на „Wonder Woman 1984“

Светот е повторно во опасност и само една жена може да го спаси. Хитот ,,Wonder Woman 1984“ ќе има ексклузивна стриминг премиера на 11. мај на HBO GO. Филмот, кој е во режија на Пети Џенкинс и со Гал Гадот во главната улога, ќе се емитува и на HBO каналот на 30. мај во 20 часот.



Дијана Принс води тивок живот меѓу обичните смртници во текот на осумдесетите години на минатиот век – во период на изобилство и желба да се има сè. Иако ги поседува сите свои моќи, таа го избегнува вниманието на јавноста, се занимава со изложување древни артефакти, а херојските акции ги изведува инкогнито. Но наскоро, Дијана ќе мора да ги мобилизира сета своја моќ, мудрост и храброст кога ќе треба да се впушти во борба против Максвел Лорд и Чита, негативци кои поседуваат натчовечка сила и способност.

Крис Пајн го игра Стив Тревор, Кристен Виг е Чита, Педро Паскал ќе го гледаме во улогата на Макс Лорд, Робин Рајт е Антиопа, додека Кони Нилсен е Хиполита.

Продуценти на филмот се Чарлс Ровен, Дебора Снајдер, Зек Снајдер, Пети Џенкинс, Гал Гадот и Стивен Џонс, додека извршни продуценти се Ребека Стил, Ровен Оукли, Ричард Сакл, Меријен Џенкинс, Џоф Џонс, Волтер Хамада, Шантал Нонг Во и Весли Колер.

Режисерка на филмот е Пети Џенкинс според сценарио кое го напишала заедно со Џоф Џонс и Дејв Калахам и кое се базира на ликови од универзумот на ДЦ. Во тимот се и директорот на фотографија Метју Џенсен, сценографката номинирана за „Оскар“ Алин Бонето, костимографката наградена со „Оскар“ Линди Хеминг, монтажерот номиниран за „Оскар“ Ричард Пирсон и композиторот награден со „Оскар“ Ханс Зимер.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 07.05.2021 12:21:37