Футурама

Дигитализација: Како малите бизниси ги реализираат своите големи планови

Секој успешен претприемач знае дека клучот за напредок се наоѓа во можноста да инвестира и да се адаптира на промените побрзо и подобро од конкуренцијата. А во денешно време тоа значи да се дигитализира. Овој предизвик е особено важен не само за корпорациите и големите бизниси, туку и за малите бизниси коишто за да останат на пазарот, мора максимално да ги искористат предностите на дигиталните алатки.



Пристапот до дигитални алатки и решенија во последните години го промени начинот на кој компаниите работат и се развиваат. Тоа не само што им овозможи да продолжат да работат и во вонредни околности и да останат поврзани со работата секогаш и секаде, туку им даде и платформа за достигнување нови, повисоки нивоа на производство и ефикасност.

Развојот на индустријата и сѐ поголемиот интерес за дигитализирање на секојдневните процеси направија денес технологијата да биде многу достапна, релативно евтина и лесна за користење. До пред неколку години компаниите беа обврзани да чуваат важни документи во хартиена форма, да плаќаат скапи ренти за простор за нивната продавница и да патуваат стотици километри за да потпишат нови договори. Денес, документите се чуваат на Виртуелен диск или во „облак“, а договорите се потпишуваат електронски, со Квалификувани сертификати за Електронски потпис и печат. Овие доверливи услуги служат како потврда за идентитетот на потпишувачот и ја гарантираат сигурноста и веродостојноста на лицето коешто ги потпишува електронските документи.

Преку дигитализирање на што повеќе процеси во компанијата, модерниот претприемач добива можност да „го јавне бранот“ на дигиталната револуција, којашто ќе го одведе до зголемување на ефикасноста и продуктивноста, но и до намалување на трошоците на претпријатието. Дигиталните услуги се многу едноставни за користење и најчесто е потребно само активација на профил, неколку клика преку интернет пребарувач или мобилна апликација (многу слично на профилите на социјалните медиуми).

Кога станува збор за дигитални услуги, важи правилото „што повеќе, толку подобро“, но многу е важно во овој процес да се избере вистинскиот партнер. Многу македонски претприемачи го пронајдоа токму во Македонски Телеком, како доверлив и сигурен партнер на бизнис заедницата во земјата. Со широкото портфолио на дигитални услуги и ИКТ решенија тој го покрива секој сегмент од работата на бизнисите, а истовремено нуди целосна сигурност на податоците, што е еден од најважните услови за дигитализација. На вас останува само да одлучите дали ќе го преземете ризикот да бидете прегазени од трендовите или пак ќе бидете вистински трендсетер и ќе почнете да ги дигитализирате работните процеси - чекор по чекор.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.05.2021 10:57:54