УЕФА одлучи: Репрезентациите на Евро 2020 со по 26 играчи

Европската фудбалска федерација донесе одлука репрезентациите учесници на претстојното Европско првенство наместо 23 да однесат 26 играчи.



– Со цел да се намалат ризиците на тимовите кои се соочуваат со недостиг на достапни играчи поради можни позитивни резултати од тестовите КОВИД-19 и следните мерки за карантин пропишани од надлежните органи, беше донесено одлука, да се зголеми списокот на играчи за сите тимови до 26 играчи. Сепак, 23 играчи е максималниот број на играчи што се дозволени на натпреварот за секој поединечен натпревар, вклучително и тројца голмани, се вели во соопштението на УЕФА.

Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули.

За првпат на еден евро-шампионат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација.

Извор:  МИА
Објавена на 04.05.2021 13:03:28