Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Поранешниот македонски амбасадор во Хрватска, Махи Несими, денеска во Граѓанскиот суд Скопје, поднесе тужба против Северна Македонија, затоа што, како што тврди, е крајно оштетен со решението на Комисијата за верификација на фактите.



По првото рочиште во Граѓанскиот суд, Несими посочи дека со решение на Управниот суд, тој е прогласен за невин и врз основа на тоа денеска поднесол тужба за надомест на претрпената штета.

– Не сакам да кажам ништо, не сакам ништо да прејудицирам, како што не кажував ни во текот на 7-8 години на судењата во Управниот суд. Јас побарав една разумна отштета со оглед на тоа каква штета ми е нанесена не само мене, туку и на целото семејство. Тогашниот режим произведе инквизитори, а сега е редно државата тоа дејствување на режимот и инквизиторите да го плати. Мислам дека мојата лустрација имаше политичка позадина, тоа е докажано и во суд, изјави Несими.

Извор:  МИА
Објавена на 04.05.2021 12:53:45