Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат

Милјардерот и филантроп Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда синоќа објавија дека се разведуваат по 27 години брак.



-Повеќе не веруваме дека можеме да се развиваме како пар во следната фаза од животот“, напиша на Твитер Бил Гејтс коосновач на „Мајкрософт“.

Тој додаде дека двајцата решиле да го прекинат бракот по многу размислување и работа на нивната врска.

-За 27 години, воспитавме три деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на луѓето да живеат здрав, продуктивен живот. Ние продолжуваме да споделуваме верба во таа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата, се вели во објавата со молба за „простор и приватност“.

Во 2000 година, двојката ја основа непрофитната фондација Бил и Мелинда Гејтс, во која се копретседатели и доверители.

Извор:  МИА
Објавена на 04.05.2021 10:05:46