Футурама

Квалификувани сертификати за безбедно дигитално работење

Секоја компанија којашто решава да го започне процесот на дигитализација има иста цел - да ја унапреди работата и ефикасноста, а истовремено да обезбеди сигурност и заштита на податоците и документите. Квалификуваните сертификати за електронски потпис и печат овозможуваат електронско потпишување документи со највисоко ниво на заштита и доверба.



Сѐ повеќе бизниси и поединци користат електронски потписи и услуги за доверба, а со зголемениот број на владини услуги достапни дигитално, се очекува да има и постојан раст на користењето на електронските потписи, како и на електронските печати.

Потенцијалот на овие доверливи услуги е голем и време е истите да ги имплементирате во работењето на вашата компанија и да стекнете предност пред конкуренцијата.

Следната одлука којашто стои пред вас е изборот на соодветен и доверлив партнер за дигитализација, којшто ќе ви помогне да го поставите бизнисот на едно повисоко ниво и ќе ги увери клиентите дека можат да се потпрат на вас и да ви веруваат. Електронскиот потпис и печат како доверливи услуги ги нуди Македонски Телеком и се базираат на Квалификуван сертификат којшто го потврдува вашиот идентитет во работата со електронски документи.

Македонски Телеком е Квалификуван давател на доверливи услуги и го носи знакот за доверба којшто гарантира дека услугите за доверба што ги нуди компанијата ги исполнуваат правилата утврдени со домашната и европската законска рамка.

Изборот на вистинскиот деловен партнер ќе ви помогне полесно да ги исполните вашите цели. Одберете мудро и подгответе се за новиот бран на дигитална револуција во бизнисите.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 27.04.2021 13:36:35